Стопанската комора на Македонија, преку Коморскиот инвестициски форум соработува со Организацијата за економска соработка и развој (OECD) во спроведувањето на анкетно истражување за ефектите предизвикани од кризата поврзана со коронавирусот врз деловниот сектор на регионот на Западен Балкан.
Како што соопштуваат од Стопанската комора, анкетата се спроведува за подобро да се разберат предизвиците со кои се соочуваат деловните субјекти и ефективноста на досегашните владини мерки за поддршка, за да се намали влијанието од пандемијата.
Резултатите од анкетата ќе бидат вклучени во Студијата што OECD ја изготвува за Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот Процес во 2020 година. Ќе бидат искористени за обезбедување поддршка за креаторите на политики за соодветно формулирање на мерки за обезбедување на економското закрепнување во регионот на Западен Балкан.
Анкетата е достапна на линкот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.