Македонија

Сменет рокот за купување домашни производи

10 Jun 2020

Платежните картички за купување домашни производи ќе доцнат-наместо до 3 јули,како што беше првичниот рок, банките ќе ги изработат до 18 јули.

Владата го прифати барањето на банките да добијат уште две недели за изработка на 325 илјади картички за граѓаните да ја добијат најавената државна помош од третиот сет мерки. Картичките за купување домашни производи или за плаќање услуги ќе можат да се користат до 15 ти август, а не како што првично беше најавено до 31 јули. 

Со мерката „Купувам домашно“ невработените и социјалните случаи ќе добијат помош од 9.000 денари. На лицата кои примаат минимална плата под 15 илјади денари, им следува картичка од  3.000 денари, исто колку и на младите од 16 до 29 години. За здравствените работници предвидена е помош во висина од 40 отсто од основната нето плата.

Конечната листа со луѓе кои ги исполнуваат условите и треба да ја добијат картичката сè уште не е готова. Листите ги подготвуваат Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика.

На веб-страницата страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните ќе можат да проверат дали се корисници на платежната картичка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...