Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за исплата на мајската плата.
Вкупно 27.100 барања се поднесени за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, се поднесени од работодавачите и самовработените лица во текот на првите два дена.
За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени. За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени, наведуваат од Управата за јавни приходи,објави таа.
Лукаревска додава дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.