Македонија

Трет сет мерки: Платежна картичка за домашни производи

20 May 2020

Со домашната платежна картичка, која е дел од третиот сет на мерки, ќе се купуваат само домашни производи и услуги. На овој начин им се помага на граѓаните кои ќе ја добијат платежната картичка, но и на македонските производители.  

Министерката за финансии Нина Ангеловска, во интервјуто на „Телма“ истакнува дека овие картички и оваа приватна потрошувачка ќе ја фокусираат кон дома, кон домашното кон македонските призводи.

Со помош на технологијата може да се ограничи каде оваа картичка ќе може да се искористи и во колкав временски период. Зошто е важно ова што го кажувам кон дома – затоа што ако прво ја погледнеме структурата на бруто домашниот производ – 65% придонесува приватната потрошувачка, со ова директно ја помагаме. Тоа е важно да останат средствата кон домашните фирми и домашните производи, објансни таа.

Во првиот столб од третиот пакет на мерки, кој се однесува на приватната потрошувачка, вклучени се таргетирани групи на граѓани како ранливите категории, граѓаните со ниски примања погодени од кризата, невработените лица, граѓаните кои се вработени но имаат близу минимална плата, кои ќе добијат ваучери за туризам и домашна платежна картичка. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...