Македонија

„Веро центар“ е отворен, „Рамстор“ отвора денес „Сити мол“ и „Капитол“ утре

14 May 2020

Согласно одлуката на Владата за дозволено отворање на трговските центри, најголемите трговски центри најавија дека подготвено ќе ги отворат вратите.

Вратите на „Веро центар“ од вчера се веќе отворени и работат од 10:00до 18:00 часот.

Веро центар ќе биде отворен за посетители од понеделник до сабота, додека во недела нема да работи, согласно новата одлука на Владата поврзана со заштитните мерки од коронавирус.

Од вчера повторно е отворен и Jumbo маркетот кој работи од 10 до 18 часот од понеделник до сабота. Двата ресторана во „Веро центар“, Goody’s и Full plate, во следниот период ќе функционираат преку шалтерски систем, односно ќе има можност само за подигнување на нарачаната храна и пијалоци. Редарска служба во трговскиот центар го контролира бројот на посетители и внимава доследно да се почитуваат сите пропишани мерки за заштита.

„Веро центар“ е комплетно подготвен и безбеден за посетителите. Целиот простор во трговскиот центар, вклучувајќи го и затворениот паркинг, редовно и комплетно се дезинфицираат од страна на професионални служби, а сите вработени ги применуваат пропишаните заштитни мерки. Целиот наш тим е целосно посветен да осигура нормално и сигурно функционирање, велат од менаџментот на Веро.

Трговскиот центар „Рамстор“ отовра денес.

„Рамстор“ како општествено одговорна компанија, уште на почетокот со ситуацијата со коронавирусот почна со превентивни мерки кои беа во насока на општото здравје на сите посетители и будно ги следиме сите препораки од властите. Сите препораки ќе бидат целосно имплементирани, а ќе имаме и дополнителни процедури за хигиена на секој посетител, како и запазување на социјалната дистанца, се со цел враќање во нормала секојдневните навики и нормализирање на животот, изјавија од „Рамстор“.

Од трговскиот центар „Капитол“ соопштија дека во периодот кога трговскиот центар е затворен согласно препораките на Владата, секојдневно се врши дезинфекција на просториите од јавен карактер и хигиената се оддржува на виско ниво. Сите вработени во службите на трговскиот центар се опремени со препорачаните средства за лична заштита (маски и ракавици, средства за дезинфекција), а истата препорака ја почитуваат и оние локали кои во моментот се отворени за посетителите: супермаркетот, аптеката и дрогеријата.

Во согласност со одлуката на Владата за дозволено отворањето на трговскиот центар, „Капитол мол“ вратите за посетители ќе ги отвара на 15 мај 2020 со препорачано скратeно работно време од 10:00 до 18:00 часот од понеделник до сабота, недела останува неработен ден. Трговскиот центар Капитол мол, како објект од јавен карактер ќе продолжи со оддржување на виоско ниво на хигиена и со редовна дезинфекција на трговскиот центар. Капитол мол - како и досега - ќе ги следи и почитува сите задолжителни и  препорачани мерки од страна на Валадата ќе го оддржува редот и ќе го регулира бројот на посетители, изјави за InStore Оливера Дебарлиева, одговорна за маркетинг и односи со јавноста во „Капитол мол“.

И од „Скопје сити мол“ најавија дека ќе го отворат трговскиот центар во петок, во 10:00 часот.

Трговскиот центар ќе работи со ограничено/ скратено работно време (10:00-18:00) и ќе биде затворен во неделите. Како менаџмент на Скопје Сити Мол работевме и сеуште работиме на повторното отворање да биде што посигурно и побезбедно за  на нашите вработени, вработените во продавниците и посетителите на трговскиот центар како и за сите инволвирани страни, стои во соопштението на трговскиот.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...