Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше наодите од шест инспекциски служби во надлежност на Советот, коишто во периодот од 22 март до 26 април имаат извршено 2.273 надзори, со цел да гарантираат целосно почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата за заштита од коронавирусот КОВИД-19.
Станува збор за обемен ангажман на инспекторите, а сите овие контроли имаат двојна функција, од една страна тоа се заштитата на правата на граѓаните и од друга страна надзор на целосното спроведување на мерките и препораките на Владата за заштита и превенција од ширење на коронавирусот КОВИД-19. Инспекторите и понатаму продолжуваат со професионалниот пристап и посветеност во својата работа за заштита на сите граѓани, рече Филиповска-Грашкоска.
Државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работничките права, реализираше вкупно 437 контроли при што е поднесена една кривична пријава, донесени се 10 решенија и 28 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата.
Во овие вонредни услови со цел да гарантираме максимално почитување на мерките и препораките од Владата инспекциите работат на терен со полн капацитет. Тука сакам да истакнам дека Државниот инспекторат за труд веќе има издадено 37 решенија, за 28 фирми со што на работа се враќаат 140 вработени кои неправично добиле откази. Им благодарам на сите инспекторати, кои својата работа ја извршуваат со полна професионалност. Контролите продолжуваат, будно ја следиме состојбата и секое прекршување на правата на граѓаните ќе биде санкционирано, нагласи директорот на Државниот инспекторат за труд, Хавзиу.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.