„Алкалоид“ донираше 250.000 куни (33.000 евра) на Клиничкиот болнички центар „Загреб“, со цел ублажување на последиците од неодамнешниот земјотрес.
Во соопштението објавено на хрватските медиуми компанијата истакнува дека се свесни за тешката состојба во која се најде Клиничкиот центар Загреб и дека со донацијатата придонесуваат за надминување на состојбата предизвикана од земјотресот што неодамна го погоди главниот град на Хрватска. Средствата се наменети за Клиниката за женски болести и породувања и за Клиниката за белодробни болести.
Во услови кога сите светски економии се препуштени самите на себе и се борат да ги ублажат последиците на новата економска криза, кога загубата на работните места е неизбежна, а пречките во логистиката ја добиваат битката при пласирањето на производите, ретки се компаниите кои можат да ги совладаат овие предизвици и да му помогнат на своето стопанство. Овој период ќе помине и многу бргу ќе им се вратиме на нашите стари добри навики, но со поука дека треба малку да успориме и да цениме мали нешта во животот, изјави генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Од компанијата истакнуваат дека од почетокот на годината донирани се повеќе од 300.000 евра за разни здравствени установи и здруженија, не само во Македонија и Хрватска, туку и во Бугарија, БиХ и Србија.
„Алкалоид“ е присутен во Хрватска уште од 1969 година, а филијалата во Загреб вработува 50-ина луѓе.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.