Македонија

Сугарески: Силно темпо и во време на пандемија

25 Apr 2020

Капиталните инвестиции не запираат и во време на пандемија, проектите се во тек, а градежните работи се одвиваат непречно,  истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на денешната прес-конференција.

Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентира реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.

Според Сугарески, реализацијата на капиталните инвестиции во ресорот транспорт е добра. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови. Реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти. Активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на повеќе од дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на повеќе од 500 социјални станови, истакна тој.

Според Китанов, првиот квартал е успешен, а изградбата и модернизацијата на патната мрежа во земјава продолжува со силно темпо. Во моментов се работи на рехабилитација на повеќе делници во вкупна должина од 150 километри, во завршна фаза се тендерите за реконструкција и рехабилитација на 84 километри патна мрежа, а набрзо ќе се распишат тендери за рехабилитација на 15 патни правци со вкупна должина од 232 километри. Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.

Сугарески не очекува никакви проблеми во делот на исплатата на средства кон компаниите: Работодавците и компаниите не треба да бидат загрижени, бидејќи во буџетот има доволно средства и преку кредитните линии, но и преку средства од буџетот. Не очекувам во ниеден случај било кој проект да биде попречен поради средствата, во согласност со Планот за јавни набавки.

Во однос на акцизата на горивата, Сугарески вели дека зголемувањето за три денари е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи дополнителен товар на граѓаните. Собраните средства од акцизате ќе се користат за граѓаните, здравствените работници, МВР и за сите што се вклучени во борбата со вирусот корона, истакна министерот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...