Македонија

Зголемените акцизи на нафтата ќе ги зголемат и цените на храната?

15 Apr 2020

За да се овозможи акумулирање на поголеми приходи во државниот буџет, беше предложено зголемување на нафтените деривати и изедначување на акцизата на екстра лесното гориво и дизелот. Стопанските комори и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со различни размислувања.

Со предложените мерки, во просек во државниот буџет, по основ на акцизи и ДДВ од продажбата на нафтените деривати, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво. Истовремено, со оваа промена, за да се овозможи заокружувањето на највисоката малопродажна цена на нафтените деривати, се предлага соодветно да биде изменет Правилникот  за формирање на највисоки малопродажни цени  на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, кој го усвојува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, на начин што износот на трговската маржа, наместо постојниот износ од 5,6 денари, се предлага да биде утврден во износ од 5,388 до 5,812 денари. На тој начин би се заокружил механизмот за формирање на малопродажните цени, а истовремено би се поедноставило постапувањето на сите учесници во процесот на формирање цена на дериватите, процедура која се спроведува на неделно ниво, го објаснуваат предлогот од Стопанската комора.

Во поглед на изедначувањето на цените на eкстра лесното гориво или црвената нафта и дизелот се спречуваат можностите црвената нафта да се користи како како погонско гориво, но постои и еколошки аспект зошто е потребно тоа да се направи, објаснуваат од Стопанската комора.

Со предложените мерка за зголемување на нафтените деривати во просек во државниот буџет, на месечно ниво би се прибрале средства поголеми за 3,8 милиони евра, односно 46,2 милиони евра на годишно ниво.

Но, другите стопански комори во Македонија се против оваа предлог-антикризна мерка. Стопанска комора на Северозападна Македонија е против каков било дополнителен товар што би ја искомплицирал економската активност на компаниите и со што би се ограничила нивната ликвидност.

Сметаме дека ова зголемување на акцизата би довело до дестимулација на економската активност и на куповната моќ во целина, а всушност тоа би можело да има спротивен ефект од она што оваа мерка има за цел да го подобри, бидејќи намалената потрошувачка на граѓаните, и намалената активност на транспортните, увозните и извозните компании паралелно ќе го намали нивито на приходите на државата. Освен тоа, покрај покачувањето на цените врз прехранбените производи што веќе се случи, може да се повтори и да се цементира статусот на инфлација во државата, бидејќи со поскапени цени на горивата може да дојде и до инфлација, изјави за InStore претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа.

Тој смета дека многу од компаниите и граѓаните не се во состојба во оваа фаза на кризата да се справаат со дополнителни давачки. Сметаме дека треба на други дополнителни начини да се стимулират компаниите да продолжаат со активноста со цел да избегнеме сценарија кои ќе доведаат до драстичен пад на економијата, објасни Хоџа.

Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги истакна дека тие вршат соодветно приспособување на правилниците доколку има промена во акцизата, а промената е надлежност на Министерството за финансии.

Треба да се земат предвид и податоците за големиот број дојави за злоупотреба на ЕЛ кое понекогаш се користи како дизел гориво, а акцизата е многу ниска и на тој начин се намалуваат приходите во буџетот во државата и со тоа се оштетуваат сите граѓани

Факт е дека  има големо намалување на цената на нафтените деривати, а во исто време и  потрошувачката е намалена поради вонредната состојба и рестриктивното движење и воопшто економската активност е намалена, следствено на тоа имаме драстичен пад на приходите во буџетот кои се однесуваат од акцизите од  бензините и дизелот, изјави за InStore Бислимоски. Тој истакнува дека РКЕ позитивно гледа и го одобрува  изедначувањето на акцизата на Екстралесното гориво со дизелот имајќи го предвид и еколошкиот аспект дека ЕЛ гориво е со далеку полош квалитет во однос на дизелот.  Треба да се земат предвид и податоците за големиот број дојави за злоупотреба на ЕЛ кое понекогаш се користи како дизел гориво, а акцизата е многу ниска и на тој начин се намалуваат приходите во буџетот во државата и со тоа се оштетуваат сите граѓани,додава тој.

Сојузот на стопански комори на Македонија соопшти дека е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата во време на криза, бидејќи на тој начин ќе се оптоварат граѓаните и стопанството во време кога им треба безусловна помош. 

Овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99% од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошиците. 

Ова барање за зголемување кое до Владата го предложила Стопанската комора, ќе предизвика дополнително оптоварување на домаќинствата, земјоделците, ќе ги зголеми цените на транспортот, како и цената на голем број производи и услуги. Мерка која е во корист на 2-3 фирми, а на товар на претприемачите и граѓаните и тоа во време на криза, не е добредојдена, соопштија од Сојузот, додавајќи дека овој чекор може да нанесе штета на малите и средни компании од сите сектори, а со тоа и на над 99% од регистрираните субјекти во приватниот сектор и на граѓаните кои очекуваат мерки за помош, а не покачување на трошиците. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...