Македонија

НЛБ Банка бесплатно ќе им ги доставува картичките на клиентите

14 Apr 2020

Во услови на пандемија на вирусот Covid-19, а со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти, НЛБ Банка воведе нова услуга за лична достава на обновените дебитни и кредитни картички на клиентите бесплатно, без дополнителен надоместок, соопштија од банката.

Со оваа услуга, на клиентите им е овозможено да ја добијат обновената картичка на рака, на домашна адреса,  без потреба да посетуваат експозитура. За да се овозможи услугата, сите клиенти кои сакаат да ја искористат оваа можност, потребно е да поднесат електронско барање за достава на картичка, преку  веб страницата на Банката www.nlb.mk.

Во периодот до 31 мај доставата на картичките на адреса на клиентите ќе биде без надоместок.

Апелираме до сите наши клиенти да се грижат за своето и здравјето на другите и да ги минимизираат посетите на експозитурите. Ве охрабруваме да аплицирате за достава на обновените картички по пошта и на овој начин заеднички да придонесеме да се избегне зголемената фреквенција во експозитурите. НЛБ Банка со низа различни мерки секојдневно прави напори за да ги заштити своите клиенти и вработени. Затоа апелираме заради заштита на здравјето доследно да се почитуваат превентивните мерки од НЛБ Банка и Министерството за здравство, велат од банката.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...