Сојузот на пчеларски здруженија на Македонија организира хуманитарна акција за донирање мед на здравствените работници во медицинските центри.
Во изјава за МИА, Менде Трајковски, претседател на Сојузот истакна дека на Денот на здравјето (7 април) донираат во медицинските центри во повеќе македонски градови: Сметаме дека ние, пчеларите, сме едни од најхуманите луѓе, затоа што ги одгледуваме најкорисните животни-инсекти. Но, не застануваме тука. По повод Денот на здравјето, преку локалните пчеларски здруженија во Скопје, Битола, Куманово, Струмица, Прилеп, Охрид, Кочани, Крушево и Македонска Каменица донираме мед, наменет за луѓето што во овој момент се во „првата борбена линија“, односно медицинските лица во клиничките центри, вели тој.
Пчеларите од здружението „Пчела“ од Куманово во денешната акција собраа 120 килограми мед и 30-ина прополиси. Собраните количества веќе се доставени до здравствените установи.
И пчеларот Дарко Зенделов, член на Друштвото на пчеларите во Штип, предаде дел од планираната донација за здравствените работници на Клиничката болница во овој град, пренесува порталот „Сакам да кажам“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.