Македонија

Производите на „Европа“ се доставуваат до дома

07 Apr 2020

Кондиторската компанија „Европа“ соопшти дека отсега производите од нејзиното портфолио купувачите можат да ги нарачаат и да им бидат доставени до дома.

Излегуваме во пресрет на своите ценети потрошувачи и овозможуваме опција за испорака на нашите производи до вашиот дом, стои во соопштението на компанијата.

„Европа“ овозможи купувачите да нарачаат производи телефонски или преку меил, во период од 08:00 до 15:00 часот. Испораката е бесплатна за нарачки над 750 ден, а за нарачки под оваа сума се доплаќа 50 денари. Минимален износ на нарачката е 250 ден. Доставата важи единствено за град Скопје.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...