Македонија

АХВ препорачува да не се користат апаратите за кафе и за вода

06 Apr 2020

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) препорачува да се избегнува користење на апаратите за автоматска подготовка на кафе и на апаратите за вода, кои се поставени на јавни површини.

Поради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, препораката се однесува и на сите други субјекти и компании што користат вакви апарати, до кои имаат пристап повеќе луѓе.

Цениме дека во услови на прогласена пандемија со вирусот корона и можноста од пренесување на заразата преку контакт, исклучувањето на употребата на апаратите за автоматска подготовка на кафе и апаратите за вода претставува елиминирање на една од можностите за контактно пренесување на вирусот од еден на друг човек, се наведува во соопштението на компанијата.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...