Винарницата „Тиквеш“ објави позитивни финансиски резултати за 2019 година во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Извештајот покажува дека вкупните приходи од продажба во 2019 година изнесувале 1.804.708.000 денари, што претставува пораст од 8% во споредба со 2018 година, кога изнесувале 1.668.817.000 денари. Зголемувањето од 135.800.000 денари се должи на зголемените приходи генерирани од домашниот пазар (за 9%, од 931.091.000 на 1.017.501.000 денари) и од странските пазари (за 7%, од 737.725.000 на 787.207.000 денари).
Бруто добивката бележи пораст од 11%, односно зголемување за 79.800.000 денари. Зголемените административни трошоци за 42%, трошоците за продажба и маркетинг за 12% и другите оперативни расходи за 9%, резултираа со оперативна добивка од 179.800.000 денари, се наведува во образложението на „Тиквеш“ за постигнатите консолидирани резултати од 1 јануари до 31 декември 2019 година.
Финансиските расходи се намалени за 10%. Остварена е нето-добивка од редовното работење пред оданочување на износ од 149.200.000 денари или намалување за 1,6% споредено со 2018 година.
За работењето во 2019 година не се исплатени дивиденди.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.