„Алкалоид“ ја информираше јавноста дека на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ - Ecosal и Dezintal.
Станува збор за производи кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“.
Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и врз здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност, стои во соопштението на компанијата.
Компанијата наведе и неколку детали по кои купувачите можат да ги распознаат нивните од фалсификуваните производи: на етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логата на Ecosal и на Dezintal; како производител секогаш е назначен „Алкалоид“; производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот - антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“; производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.