Македонија

„Пекабеско“ предвреме ги исплати обврските кон државата

01 Apr 2020

Компанијата „Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари со што се приклучува на иницијативата на Владата и Министерството за финансии за давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности, рече Слободан Кутревски, прв извршен директор на „Пекабеско“.

Од компанијата наведуваат дека целосно ги почитуваат и применуваат највисоките стандарди за безбедност во процесот на производство и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги тука и HACCP стандардот, како и меѓународниот стандард ISO 22000:2005. Исто така, целосно ги почитуваат мерките што ги презеде Владата на почетокот на месецов за замрзнување на цените на своите производи. Од компанијата веќе дале апел и препорака кон малопродажните објекти да ја следат ваквата одлука, односно да не се практикува покачување на цените и покрај зголемената побарувачка на прехранбени производи.

За да се избегне групирањето и користењето јавен превоз, како една од препораките за намалување на можноста од проширување на коронавирусот, “Пекабеско“ на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...