Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера отстапи на користење уште две автоматски прскалки за дезинфекција на возила на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Царинската управа.
МВР ќе ги постави прскалките во касарната во Ѓорче Петров, а Царинска управа на граничниот премин Табановце, соопштуваат од АХВ.
Минатата недела, покрај дел од средствата за еднократна заштита, две вакви автоматски прскалки за дезинфекција на возила АХВ отстапи на Дирекцијата за заштита и спасување. Опремата е во фукција и се користи за автоматска дезинфекција на возила на влезот/излезот на општините Дебар и Центар Жупа.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.