Кире Наумов, директорот на Равојната банка денеска на прес-конференција истакна дека банката ќе овозможи бескаматни кредити за оние компании кои ќе бидат најпогодени од корона вирусот.
Ќе ги кредитираме најпогодени сектори угостителство, туризам и товарниот транспорт, а во мерката се вклучени и трговците-поединци. Да им помогнеме на најпогодените сектори да ги надминат проблемите со ликвидноста во почетниот период. Бескаматна стапка, со рок на отплата од 24 месеци и грејс период од 6 месеци, истакна Наумов.
Износите на кредитот за кој може да аплицираат претпирјатијата ќе зависи од бројот на вработени, и тоа: До 10 вработени до 5.000 евра, од 10 до 50 вработени од 5.000 до 15.000 евра, и над 51 вработени, до 30.000 евра.
Целиот процес за аплицирање ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на е-мајл. Потребните документи се: тековна состојба, завршна сметка за 2019 година, потврда за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека за претпријатието не се води стечај, ЗПО образец од ЦР. Аплицирањето може да почне уште од утре.
Апликациите ќе одат преку Развојната банка на Република Северна Македонија, електронски – со доставување на потребните документи на kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk. Услови и потребни документи на следниот линк https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/596-1-2
Освен ова ќе биде потребна кредитна апликација која ќе може да се симне од веб-страницата на Развојна банка. Развојната банка ќе го следи настаните, и ќе настојува да биде поддршка за микро, малите и средни прептријатија, објасни Наумов.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.