Синџирот маркети „Тинекс“ воведе ново работно време со цел почитување на најновите мерки за ограничување на движењето на граѓаните, кои беа преземени од страна на Владата за борба против ширење на вирусот COVID-19.
Според измените, почнувајќи од вчера (23ти март), „Тинекс“ маркетите секој ден ќе работат од 8 до 19 часот, освен во недела од 9 до 17 часот.
Покрај тоа, за да се олесни пазарењето на постарата група на граѓани, чие движење е дозволено само во утринските часови, во „Тинекс“ маркетите секој ден од 8 до 10 часот ќе им биде дадена предност за пазарење на сите лица над 60 години.
Од компанијата информираа и дека на секои два часа се врши чистење на просториите и предметите со течен концентрат за дезинфекција, како наплатни каси, влезови во маркет, влезови за прием на роба и магацини, рачки од колички и корпи за пазарење, рачки од ладилници за замрзнати производи и др. Дополнително, на повеќе места во маркетите се поставени известувања за заштита на потрошувачите, означени се места на растојание од 1 метар за стоење при чекање на каса, а за вработените се обезбедени ракавици и маски.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.