Македонија

„Веро“: Ново работно време и повластен термин за пазарување за ранливите граѓани

23 Mar 2020
Согласно најновата мерка на Владата за ограничување на движењето на граѓаните, „Веро“ воведува ново работно време од 8 до 19 часот секој ден. Дополнително, синџирот маркети ќе има и повластен термин во денот за пазарување во кој приоритет за влегување во маркетот и на каса ќе имаат пензионери, бремени жени, лица со инвалидитет, за да им овозможи поголема заштита на најранливите категории граѓани и да се избегне нивното изложување на поголем ризик.
 
Безбедноста на потрошувачите и на нашите вработени е наш највисок приоритет. Вложуваме максимални напори сите потрошувачи да се чувствуваат добредојдени и безбедни во нашите маркети и сакаме да им овозможиме во секое време да се снабдат со сите неопходни производи за нивните потреби. Воедно апелирам на совесност и разбирање од страна на помладите потрошувачи во наведениот термин да им дадат предност на ранливите категории потрошувачи на кои помошта и поддршката во овие моменти им е најпотребна, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“. 
 
Од „Веро“ велат дека и покрај скратеното работно време, маркетите продолжуваат нормално да функционираат, има доволно залихи од основните производи, а редовното снабдување се одвива без никаков застој во соработка со добавувачите. Хигиенската превенција се одржува на највисоко ниво така што маркетите комплетно се чистат секојдневно, а во текот на денот постојано се дезинфицираат количките и корпите за пазарување, просторот кај касите, полиците и останатите најизложени делови од маркетите. „Веро“ обезбеди гелови за дезинфекција и заштитни ракавици за сите потрошувачи кои се поставени на влезовите, низ маркетите се поставени известувања за потрошувачите за поголема безбедност, а означени се и места за стоење на препорачаното безбедно растојание од два метра.
 
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...