Храна има, нема потреба од паника, а и земјоделците навреме ќе ги добијат субвенциите, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски на денешната прес-конференција.
Нашата држава се наоѓа во најтешкиот период. Примарна задача е да направиме сè за да го заштитиме јавното здравје. Затоа, упатувам поддршка до здравствените работници, армијата, полицијата… вработените во аптеките, супермаркетите, кои се на работа за да ги опслужат граѓаните, рече министерот, и порача: Донесена е забрана за извоз на пченка и пченица. Храна има, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и паника не треба да има.
Тој додава дека Платежната агенција продолжува со редовната исплата на субвенциите, а интезивно се работи и на наоѓање начин за откуп на јагнињата. Во постојана комуникација сме со откупувачите и се бараат алтернативни пазари за откуп на јагнето надвор од Македонија, потенцираше министерот.
Како што изјави министерот, се регулира и транспортот на стоки: Транспортот на стоки не е забранет. МНР заедно со министерствата на другите држави изнаоѓаат заеднички протокол за транспорт на стока, за да се одвива непречено.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.