Македонија

За основни месечни потреби за едно семејство во февруари биле потребни 32.915 денари

13 Mar 2020

На едно четиричлено семејство во февруари му биле потребни 32.915 денари за да ги задоволни минималните основни месечни потреби.

Според податоците што ги објавува Сојузот на синдикати за вредноста на минималната синдикална кошница, најмногу пари месечно одат за исхрана и пијалоци -по 13.765 денари за четиричлено семејство, по што следуваат трошоците за домување – 10.441 денар.

Исхраната и пијалоците учествуваат со 41, 82 проценти во вкупната минимална кошница, а режиските трошоци со 31,72 проценти. Минималните трошоци за хигиена во февруари изнесувале 2.345 денари,  трошоците за превоз 2.447 денари, а за облека и обувки 2.142 денари.

Најмалку пари остануваат за да се задоволат потребите за здравствени потреби и за културни активности.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...