Македонија

Сојуз на стопански комори почна кампања за справување со загадувањето

27 Jan 2020

Сојуз на стопански комори (ССК) заедно со иницијативата на жени во климатска акција почна со кампања, посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и климатските промени. 

Членовите на Сојузот директно придонесуваат за справување со загадувањето и климатските промени, но потребно е акцијата да биде масовна. Затоа ги повикуваме сите да се придружат во акцијата која е едноставна, но ефективна. Секој треба да оцени колку од овие активности ги спроведува во својата институција или компанија, помагајќи да стане поодржлива, а во исто време и помагате на државата и светот во акцијата против климатските промени, изјави Данела Арсовска, претседателка на ССК. 

Компаниите членови на  Сојузот активно ги превземаат следните 10 чекори кои се повик за делување на сите институции, организации и компании: 

-Застапување на барања за акција за справување со загадувањето и климатските промени пред институциите на локално и национално ниво;
-Подигнување на свеста кај своите вработени, партнери, добавувачи, потрошувачи, медиумите и други засегнати страни
-Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина
-Промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали.

-Превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови
-Делуваат кон намалување на потрошувачката на енергија на работното место
-Одбираат обновливи извори на енергија за своите потреби и проекти
-Делуваат кон намалување на производството на отпад, рециклираат, вршат поправка наместо замена за нови предмети на работното место
-Поттикнуваат користење јавен и алтернативен транспорт
-Одбираат зелена инфраструктура и опрема според најновите еколошки стандарди, опрема која е ефикасна енергетски и одржлива

Македонија веќе со денови не се спушта од листата на  држави кои се најзагадени  во светот. Деновиве е меѓу првите 10 земји според светската страница за мерење на  квалитетот на воздухот „АирВизуал“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...