Од 2021 година ќе нема веќе бесплатни пластични кеси во маркетите. Нијниската цена на пластичните кеси ќе биде 10 денари. Ова го предвидувааат измените на Закон за управување со отпад кој е во собраниска процедура и се очекува да бидат донесени пред да се распушти Парламентот во пресрет на изборите.
Овие мерки би требало да го намалат бројот на пластични кеси кои се одлагаат како отпад. При тоа компаниите кои произведуваат пластични кеси во рок од една година ќе треба да го прилагодат своето производство, а граѓаните за овој период ќе треба да почнат да ги исфрлат од употреба кесите.
Годишно на пазарот се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу, вели Филип Ивановски, претседател на Асоцијацијата за управување со отпад при Стопанската комора.
Од Асоцијацијата ги поздравуваат новите решенија предвидени со измените на Законот., бидејќи како што рекоа, ги решава главните проблеми во нивното работење. Посебно значајно за нив е решението кое предвидува фирмите во завршните сметки да прикажат дека го платиле надоместот за селекција и управување со отпадот.
Ова треба да ги натера компаниите кои до сега не се вклучиле во системот на колективно управување со отпадот од пакување, електричен отпад, гуми и стари автомобили… да го направат тоа во одреден рок, бидејќи годишно производителите на пазарот пуштаат над 120.000 тони отпад од пакување, а се собира само дел од тоа, рече Ивановски.
Управувачите со отпад од индустријата апелираат општините да се вклучат во обезбедувањето системот непречено да функционира кога се предвид граѓаните и она што го селектираат да се најде на вистинското место.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.