Македонија

Неби Хоџа е реизбран за претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија

25 Nov 2019

Стопанската комора на Северозападна Македонија го одржа своето четврто изборно Собрание на кое главни точки беа потврдување на новите членови на Собранието, избор на претседателот и потпретседател на Собранието, како и избор на нови органи на комората.

Делегатите за претседател го избраа повторно Неби Хоџа, кој ќе има мандат од 4 години. Хоџа и досега беше претседател на комората. 

Тој во својот говор кажа дека компаниите во малите економи повеќе се експонираат на надворешните влијанија кои носат пречки и тешкотии.

Сведоци сме дека компаниите во малите економии се повеќе изложени на надворешните влијанија од каде доаѓаат пречки и тешкотии кои што им оневозможуваат на деловните субјекти да ги развиваат своите деловни работи. Во годините е направен прогрес, но не треба да престанат чекорите на Комората, се до заедничко развивање на домашните бизниси, рече Хоџа во говорот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...