„Витаминка“ учествуваше на саемот за кондиторски производи „Yummex“ во Дубаи, кој е еден од најреномираните специјализирани саеми за кондиторски производи затоа што директно го отвора патот кон големиот и растечки пазар на азиските земји.
Голем дел од асортиманот на компанијата, почнувајќи од оние производи што се посебно интересни за странските пазари, слатката и солената програма беа изложени на штандот на „Витаминка“ каде посетителите имаа можност да се запознаат со нив и да ги пробаат. Од компанијата велат дека производите, посебно новитетите, веќе ги предизвикаа првите позитивни впечатоци.
„Yummex“ е најголем настан во индустријата за слатки и солени производи во Средниот Исток, каде се поврзуваат таргетирани производители и добавувачи и се презентираат најновите алатки за подобрување на бизнисот во производство на кондиторски производи. Онака како е конципиран го препознава зрелиот деловен потенцијал во регионот како водечки меѓународен центар за производство и преработка за да и служи на глобалната меѓународната побарувачка. Во таа насока и присуството на секое издание на овој саем е потребно и клучно за развој на бизнисот, изјави Љупчо Велески, директор за извоз во „Витаминка“.
Во рамки на саемот беа одржани и две панел конференции за најновите трендови во оваа индустрија.
Со непосредна презентација на своите производи, „Витаминка“ неодамна се претстави и на саемот за храна и пијалаци „Ануга 2019“ во Келн, Германија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.