Македонското претставништво на производите HiPP донираше пакет производи за сите новороденчиња на кои општина Центар им додели парична помош во рамки на проектот за првична помош на родителите кои се жители на оваа општина.
Од претставништвото информираа дека зеле учество како општествено одговорна компанија и дека доделиле пакети со дел од нивните производи за сите родители и деца кои беа присутни на настанот.
Сто семејства од општина Центар добија решенија за остварување на правото за користење еднократна парична помош за новороденче, која изнесува по 7.000 денари. На настанот присуствуваа и претставници на компании и здруженија со кои Општина Центар потпиша меморандум за соработка, а со кој се официјализира придонесот на компаниите во овој општествено одговорен проект.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.