Македонија

Сертификат „Фер со потрошувачот“ за „Здравје Радово“, „Жито Леб“, „МИК Свети Николе“....

01 Aug 2019

Млекарницата „Здравје Радово“, месарницата „МИК Свети Николе“, „Жито Леб“, Семафор (ТОП маркет), „Аграр Ко“ ДООЕЛ, фирма за трговија и производство на антипасти од конзервиран зеленчук и производство на оцет, ДОО „Бисерка“, специјализирана продавница за месо,преработки од месо, месни и млечни производи, и ДОО „Голем извор“ - маркети се меѓу 45-те компании кои добија сертификат „Фер со потрошувачот“.  

Сертификатот им се доделува на компании со јасно дефинирани правила за заштита на безбедноста и здравјето на потрошувачите, со фер пазарни практики и спогодбено решавање поплаки и спорови, на оние кои ја штитат приватноста на потрошувачите и се грижат за влијанието на производите врз животната средина.

Сертификацијата на компаниите е финансирана од Европската Унија во рамки на проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“, што го спроведуваат Организацијата на потрошувачите (ОПМ) и Асоцијацијата „Зенит“. Настанот се одржа завчера во хотелот „Александар Палас“. 

Целата листа на сертифицираните компании можете да ја видите тука. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...