Македонија

Денеска се отвори првиот трговски парк во Скопје

18 Jul 2019

Денеска се отвора првиот трговски парк на периферијата на Скопје, по примерот на европските метрополи. Продавниците почнаа да работат во 12 часот напладне, а свеченото отворање е вечерва во 19.30 часот. 

„Поинт ретеил парк“ е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје. Паркот се наоѓа во општината Чаир-Бутел, на местото на некогашната фабрика „Типо“. Се простира на површина од 9.500 м2 квадратни метри. Во него има продавници на „Ваикики аутлет“, „Спорт вижн“, „Ка-еф-це“, „Јyск“, „Нептун“, „Зегин“, „Сара Фешн“, „Ел-ти-би“, „Шатци парфимерии“, „Спортекс“, „КРШ“ , „Д Спортска опрема“ и други.

Исто така во склоп на трговскиот парк се отвори супермаркет „КИТ-ГО“, на површина од 1.600 квадратни метри и со пет наплатни каси во кој се реализрани 35 нови вработувања. Има и ресторан, банка, игрoтека и продавница за деца на површина од 2.500 квадратни метри

Многу сме среќни и горди што денеска то го отвараме првиот „Ретеил парк“ кај нас, кој со својот принцип на работа ќе постави темели на еден поинаков модерен и европски концепт. Инвестицијата вреди околу 9 милиони евра и ќе ги отвори вратите за 200 лица. Овде ќе можете да видите познати и реномирани домашни и странски брендови. Им се заблагодарувам на сите закупци кои го препознаа нашиот план и ја препознаа нашата инвестиција, изјави Али Ќаили, сопственик на „Али Тобако“, која е инвеститор во новиот трговски комплекс.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...