Македонија

„Пивара Скопје“ лансираше сајдери

20 May 2019

„Пивара Скопје“ на пазарот лансираше два нови бренда – Strongbow и Apple Bandit, сајдери од портфолиото на „Хајнекен“.

Сајдерите се нискоалкохолни (4,5%) освежителни пијалаци, кои се карактеризираат со лесен, сладок до слатко-киселкав вкус и со ниска газираност. Strongbow е водечки премиум бренд во оваа категорија во светски рамки, а Apple Bandit е популарен низ Европа, особено во земјите од регионот. Покрај Apple Bandit и Strongbow со вкус на јаболко, на домашниот пазар „Пивара Скопје“ пласираше и Strongbow со вкус на шумско овошје.

Следејќи ги пазарните трендови, преференците и потребите на потрошувачите, „Пивара Скопје“ одново ја прошири понудата, воведувајќи нова категорија пијалаци. Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда – Strongbow и Apple Bandit, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во пиварницата.

Apple Bandit и Strongbow се достапни за потрошувачите во неповратна стаклена амбалажа од 0,33 л. во малопродажните и во угостителските објекти низ земјава.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...