По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта.
Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.
Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има обостран бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации на миленијали ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување на нови практични вештини рамки на реални процеси“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.
За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на „Стопанската комора на Македонија“ а поддржан и од управата на „Град Скопје“ денес во седиштето на „Алкалоид“ беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции.
Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид АД Скопје“ и Универзитот „Св. Кирил и Меториј“ го почна во април 2018 година. Преку него 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за компанијата. Целта на новиот циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест.
Првата група од околу 15-тина практиканти се очекува да почне со практичната обука кон средината на месец јуни оваа година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.