Македонија

Сертификати за компаниите кои ја поддржаа мрежата „Сите сити“

19 Mar 2019

Компаниите „Кола“, „Витаминка“, „Жито леб“, „Јоми Фуд“, „Еуро Табак“, „Евромак“ „Грандекс“ и уште неколку други добија сертификати за благодарност од мрежата „Сите Сити“, за нивната поддршка за оваа платформа преку која вишокот храна кој е безбеден за употреба се пренаменува за луѓето на кои им е неопходна

На овој начин е превенирано 68.000 тони храна да не завршат во ѓубре. 

Годинава ситемот е поддржан и од Министерството за труд и социјална политика и Фондот за иновации, со цел да се види неговата одржливост и евентуално да се размислува од привремено да стане системско решение.

Се радуваме на сите нови бизниси со храна кои ни се приклучуваат во овој голем подвиг и ги повикуваме сите бизниси да се вклучат во спасувањето и донирањето храна за социјално загрозени граѓани, рече Блаже Јосифовски, коортдинатор на „Сите Сити“, на денешниот настан на кој беа претставени резултатите на оваа мрежа.  

Во изминатиот период, повеќе од 210.000 оброци беа донирани на повеќе од 3.300 граѓани. Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од 460.000 граѓани во Македонија не може да си дозволат по три оброци во текот на денот. Главните извори од каде се собира вишокот храна се производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти, пекарите...Системот пилотираше минатата година на подрачјето на Скопје, со одделни акции во уште девет градови. Планот е од оваа година да се прошири низ цела Македонија. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...