По затварањето на производствениот погон во Невесиње, БиХ, српската компанија „Свислион Таково“ ќе почне со производство на кечап и мајонез во Македонија.
Одлуката ја донел сопственикот Родољуб Драшковиќ, а како што изјави за „Вечерње новости“ Александар Којовиќ, директор на „Свислион Требиње“, фабриката во Невесиње била затворена поради економски причини.
Производството на сокови ќе го преселиме во Горни Милановац, а производството на кечап и мајонез во Македонија. Причините се чисто економски, односно главната причина за затворање на фабриката е финансиската неисплатливост. Имавме огромни транспортни трошоци, бидејќи суровините доаѓаа од Србија, а патната инфраструктура е лоша, вели Којовиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.