Македонија

„Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018

18 Sep 2018
Прилепска „Витаминка" го изложува целокупниот свој производствен асортиман на најголемата специјализирана саемска манифестација за прехранбена индустрија Worldfood Москва 2018, што се одржува од 17-ти до 20 –ти септември
 
Ова е трето присуство на компанијата на московскиот саем. 
 
За „Витаминка" можностите што ги отвора овој саем се големи. Тука се присутни најголемите извозници на храна во Руската федерација и токму заради специфичната публика, саемот изобилува со низа трибини, промоции и презентации. Исто така, важи за најголема берза за храна во овој дел на светот. Предностите од присуството се протегаат од контакти и можни договори и партнерства, па се до стекнување нови знаење и запознавање со последните трендови во прехранбената и кондиторската индустрија, изјави Љупчо Велески, директор на Секторот за извоз во „Витаминка"

На саемот Worldfood присуствуваат дистрибутери, производители, сопственици на ланци ресторани и супермаркети. Минатата година имаше 1. 516 изложувачи од 62 земји и 29. 900 посетители.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...