Македонија

„Бимилк“ им подари подароци на првачињата

07 Sep 2018

Млекарницата „Бимилк" и годинава им подари подароци на првачињата, посакувајќи им среќен почеток на учебната година.

Првооделенчињата од 34 основни училишта од 15 градови од земјава (Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струга, Куманово, Тетово, Кичево, Струмица, Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Радовиш) добија чоколадно млеко Moja Kravica и пригодни подароци.

Им посакуваме среќна и успешна учебна година на сите ученици, особено на најмалите, кои тукушто го почнуваат патувањето во формалното образование. Се надеваме дека со ова мало внимание успеавме да ја надополниме нивната возбуда за новите почетоци. Сигурни сме дека овие мали, умни глави ќе бидат посветени, одговорни и успешни, а нашиот апел до нив е да продолжат да ги практикуваат добрите навики, односно редовно да консумираат млеко и млечни производи, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во „Бимилк" при посетата на битолското основно училиште „Коле Канински".



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...