Македонија

Просечната плата во јуни изнесува 24.203 денари

22 Aug 2018

Просечната нето-плата во јуни 2018 година изнесува 24.203 денари и бележи пораст во однос на истиот месец минатата година за 6,1%, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на мај годинава, кога просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 24.509 денари,јунската плата бележи пад за 306 денари.

Зголемувањето во однос на јуни 2017 година се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (20,4%), информации и комуникации (16,7%) и преработувачка индустрија (14,7%).

Намалување на просечната нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (14%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,3%) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3%).



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...