Македонија

„Слатка куќа“ на улица Македонија

13 Jun 2018

„Варспол" во соработка со „Свислион" на 8 јуни отвори репрезентативен малопродажен објект „Слатка куќа", лоциран во центарот на главниот град, на улица Македонија, до поранешното кино „Вардар".

Асортиманот  на „Слатка куќа", на површина од 40м2, се состои од околу 500 производи од брендовите на „Свислион", меѓу кои Softi, Eurocrem, Takovo, Agroplod, Agrokrem, Hello! и др., а како новитет е свежото сомелено кафе Agroplod во продажниот објект.

Како што откриваат за InStore од „Варспол", во план е отворање на нови малопродажни објекти „Слатка куќа".



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...