Македонија

Волонтерска акција на вработените на „Империал тобако ТКС“

01 Jun 2018

Вработените во „Империал тобако ТКС" ги бојадисаа сите справи за вежбање на три локации на кејот на Вардар во Скопје.

 

Во рамките на волонтерската акција на вработените, обновени се и заштитени инсталациите за физичка рекреација во близина на мостот „Близнак" во општина Аеродром, покрај „Градската плажа" во Градски парк, општина Центар и кај мостот на булеварот „8 Септември" во општина Карпош. Акцијата е изведена во соработка со Град Скопје.  Дополнително, учесниците во акцијата го собраа и отпадот околу локациите за вежбање.

Акцијата е дел од програма „Империал Волонтери" на „Империал тобако", која се спроведува во сите земји каде што групацијата има деловни операции, вклучувајќи ја и Македонија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...