Македонија

Дурмиши: Цените на производите од есенската кошничка се намалени во просек од 5 до 10%

08 Oct 2024

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешната прес конференција истакна дека доколку не ја донеселе Есенската кошничка и акцијата „Помалку трошоци – повеќе за вас“, цените на храната дополнително ќе се зголемеле, а со тоа инфлацијата.

Според министерот, напревените првичните анализи од терен покажале дека цените на производите од есенската кошничка се намалени во просек од 5 до 10%, при што кај некои производи намалувањето е помало или воопшто го нема.

Овие одлуки ги донесовме за заштита на стандардот на граѓаните бидејќи во минатите месеци Државниот завод за статистика излегуваше со информации дека има раст на цените на основните прехранбени производи. Затоа направивме акциски план со кој ја донесовме есенска потрошувачка кошничка за да им излеземе во пресрет на граѓаните. Да не ги донесевме одлуките, цените на основните прехранбени производи ќе имаа уште поголем раст и инфлацијата ќе беше поголема од 2,6 отсто колку што е сега, истакна Дурмиши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Министерот потсети дека во сила e и Законот за нефер трговски практики и истакна дека производите ќе се продаваат по старите цени додека не се потрошат залихите во маркетите.

Кога ќе се усогласат цените со добавувачите, ќе има и дополнително намалување на цените. Тоа ќе се случи на крајот на овој или на почетокот на идниот месец. Во овие три месеци тече преодниот рок за усогласување на цените во кои Комисијата за заштита на конкурентност ќе биде на терен и ќе ги опоменува тие што не го почитуваат Законот и ќе им дели совети да го почитуваат. Потоа кон крајот на годинава или на почетокот на идната ќе почне со казнување и ќе постапуваат според надлежностите кои ги имаат согласно Законот, истакна Дурмиши и додаде дека  тече процедурата во Собранието за реорганизација на Комисијата за заштита на конкурентност со која, како што кажа, ќе се подобри нејзината функционалност.

Извор: Pres24

Фото: Бесар Дурмиши/Facebook



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...