Годишната стапка на инфлација во Македонија, во септември 2024 година, достигна 2,6 проценти во споредба со тој месец минатата година. Од друга страна, цените на мало се зголемиле за 3,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3 %. Зголемувањето на инфлацијата во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 1.7 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.1 %, комуникации за 0.9 %, разновидни стоки и услуги за 0.5 %, образование за 0.3 % и здравје за 0.1 %.
Во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 5.3 %, рекреација и култура за 1.8 %, ресторани и хотели за 0.4 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %.
Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99.3. Индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на септември 2023 година, бележи зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.3 %.
Извор: Државен завод за статистика
Фото:Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.