Со големи попусти и забавна атмосфера со ди - џеј, dm на 19 септември ја отвори својата нова дрогерија во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во Скопје.
Во новата, модерно опремена дрогерија на dm, на продажна површина од 470,47 м2 купувачите може да ги пронајдат своите омилени производи од богатиот асортиман на dm, кој брои повеќе од 14.000 производи, во кој има сѐ на едно место – производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, па сѐ до производи за хигиена во домот и нега на алишта.
Отворањето беше проследено со попусти од -15% на апсолутно сѐ, кои ќе траат од 19 до 22 септември. Дополнително, на денот на отворањето купувачите добија подароци: со секоја сметка над 500 ден. подарок торба за пазарување, со секоја сметка над 700 ден. подарок Denkmit влажни марамчиња за чистење, со секоја сметка над 1.999 ден. подарок пешкир за плажа.
Својот нов деловен успех, dm како општествено одговорна компанија и овој пат го сподели со заедницата во која делува. Така, на денот на отворањето тие врачија донација во износ од 120.000 денари во ООУ „Његош“, с. Јурумлери, Скопје.
Од компанијата велат дека се особено среќни што континуирано ги задоволуваат потребите на купувачите и им овозможуваат пазарување во одлична атмосфера и со многу поволности, а во иднина ќе продолжат да ги слушаат и остваруваат сите нивни желби, благдоарение на богатата понуда на производи.
Со отворањето на новата дрогерија, dm на македонскиот пазар е присутен со 26 дрогерии во 10 градови.
Извор/Фото: dm дрогерие маркт
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.