Денеска во просториите на „Винчини Развоен центар“ се одржа првиот академски час на единствената национално сертифицирана програма за пекар, слаткар и кондитор, „Винчини Академија“.
На свеченото отворање учесниците имаа можност да слушнат повеќе за наставната програма и да ја посетат модерната лабораторија во која ќе се одржува практичниот дел од предавањата.
Генералниот директор на „Макпрогрес“, Глигор Цветанов, кој стои зад оваа академија, им посака добредојде на учесниците и ја истакна важноста на неформалното образование и континуираното учење.
Оваа Академија, не само што се стреми да ги надогради професионалните капацитети на младите, туку има и повисока цел, а тоа е креирање работна сила и спречување на иселувањето на младите од источните краеви на земјата, истакна Цветанов.
На свеченото отворање присуствуваше и академскиот директор на програмата, Фросина Мешкова, како и инструкторите, кои своето знаење и искуство ќе им го пренесат на првата генерација учесници во „Винчини Академија.“
„Винчини Академија“ нуди идеални услови за учење, напредување и професионален развој преку практична работа и едукација, која ќе се одвива во „Винчини Развоен центар“, опремен со најсовремена технологија за развој на нови прехранбени производи.
Програмата е поддржана од страна на Европската банка за обнова и развој и Владата на Јапонија, а е имплементирана од консултантската компанија „Приме поинт партнерс.“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.