Владата донесе одлука за ограничување на маржата за училиштниот прибор и тоа на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба, информира премиерот Христијан Мицкоски.
На денешната прес-конференција во Владата, тој истакна дека ограничувањето на маржата е во рамките на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, а одлуката е донесена на денешната седница на Владата.
Премиерот најави нови ограничувања на маржите и профитот на поединци кои, како што кажа, генерираат профити и со тоа ја зголемуваат инфлацијата.
На прашањето дали мерката е задоцнета, тој рече дека не е задоцнето нејзиното носење и додаде дека ќе следат мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.