Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование за 19,6 отсто, уметност, забава и рекреација за 19 и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: рударство и вадење на камен за 5,7 отсто, објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3 отсто.
Извор: Државен завод за статистика
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.