Македонија

ССК: Австриецот Евалд Коениг, нов потпретседател за надворешна соработка и туризам

15 Jul 2024

Сојузот на стопански комори на седница на Управен одбор донесе одлука за назначување на Евалд Коениг за нов потпреседател за надворешна соработка и туризам во ССК, роден Австриец и сопственик на туроператор „Мак-Сан Травел“ веќе 15 години и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум светот.

Своето искуство и меѓународна екпертиза во истражување на пазарот, анализа и инвестиции ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопански комори на Македонија застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на комората.

Кoениг како туристички експерт промовирајќи ја Македонија и Балканот како дестинација, со своето богато културно наследство, повеќевековна историја и прекрасна архитектура, прекрасната храна и вино, искуствено посочи како туристичка дестинација Македонија сè повеќе туристи сакаат да ја посетат. Во земјава во мај годинава се евидентирани 106 604 туристи, од кои 25.5 % биле домашни, а 74.5 % се странски, бројот на ноќевањата во мај изнесувал 200 439, од кои 29.4 % се од домашните туристи, а 70.6 % од странските. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10.2 %, и тоа: кај домашните туристи за 8.8 %, а кај странските за 11.0 %, споредбено со истиот период минатата година, соопштуваат од ССКМ.

Туризмот е моќен деловен сегмент за развој на економијата, придобивките од туризмот се повеќекратни и најмногу видливи преку растот на девизните приливи, подобрувањето на платниот биланс, отворањето нови работни места и зголемувањето на инвестициите. Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото, ќе бидеме насочени кон поттикнување на економски политики за создавање на здрава деловна клима со имплементација на најдобрите светски практики, се со цел непречен раст и напредок на деловните субјекти. Сојузот досега се наметна како значаен фактор во креирање не економските политики и цели кон тоа да стане водечка деловна мрежа во Југоисточна Европа, истакна Ангелоски.

Во брзо менувачко опкружување, Коморите можат да понудат решенија и имаат клучна улога во предвидувањето на компетенциите што ќе им бидат потребни на бизнисите во иднина. За таа цел, ССКМ заеднички со приватниот сектор и интензивна мeѓународнa соработка, стратегија за долгорочен раст и просперитет, модерен и одржлив економски раст ефективно работи на зацртаните приоритети : иновациите, соработката и стратешкото лидерство, соопштуваат од ССКМ.

Извор/Фото: ССКМ

tags:
#ССК  


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...