Македонија

Ќе се одржи фестивал на македонски домашни производи во „Дајмонд мол“

14 мај 2024

 Од 17. до 19. мај во „Дајмонд мол“ ќе се одржи фестивал на македонски домашни производи под мотото „Вкус и традиција“.

Изложувачи на фестивалот ќе бидат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.

Организаторите соопштуваат дека  посетителите ќе можат да вкусат и да набават домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.

Извор/Фото: „Дајмонд мол“/Facebook



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...