Македонија

Вработените од „Малиќи груп“ се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина

13 Feb 2024

Вработените од групацијата „Малиќи груп“, на 9.февруари се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина, надевајќи се дека на најмалку на 40 лица кои боледуваат од леукемија, од било кое место на светот ќе им помогнат да останат живи.

Повикувајќи се на нашите алтруистички убедувања, доброволците од „Малиќи груп“   донираа само 5 мл крв, а со тоа се запишаа во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина, соопштуваат од компанијата.

Вкупно 40 вработени од компанија, “Малиќи груп“  се вклучија во нацоналната кампања „БИДИ СРЦЕВИНА-  БИДИ ХЕРОЈ“, која ја спроведува Клиниката за Хематологија, со поддршка на Министерството за здравство и Институтот за хумана генетика.

                         

Повод за оваа акција беше отворањето на првиот Регионален центар за трансплантација на коскена срцевина во рамките на Клиниката за хематологија, кој освен за осигурениците на Северна Македонија, е оспособен за лекување пациенти и од Косово, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и, каде овие интервенции се уште не се воведени.

                         

 Во светот на секои 4 минути, еден човек заболува од леукемија, а шансите да се најде сроден дарител понекогаш е многу тешко. Ние се надеваме дека нашите 40 колеги ќе имаат можност на лицата кои боледуваат од некаков вид на хематолошки канцер, да им дадат шанса за нов почеток.Воедно се приклучувме на апелот на здравствените власти, што повеќе граѓани да се запишат во Регистарот на доброволни дарители на коскена срцевина. Секој од нас може да помогне, за некој повторно да биде здрав!Апелираме и останатите граѓани, наши пријатели, да се зачленат во дарителскиот регистар на коскена срцевина и заедно да бидеме нечиј херој! , соооштуваат од „Малиќи груп“.

Извор/Фото: „Малиќи груп“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...