Македонија

Битиќи: Очекувам пратениците да го донесат законот за нефер трговски практики

26 Jan 2024

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи смета дека пратениците ќе го донесат законот за нефер трговски практики.

Тој изјави дека  Собранието работи ефективно до почетокот на април и  освен овој закон апелираше до пратениците да ги донесат и другите закони кои се во процедура подолго време.

Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните. Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време, потенцира вицепремиерот Битиќи.

 

Извор:„Бриф“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...