Индустриското производство во август годинава во споредба со август минатата година е намалено за 5,1 процент, а во периодот јануари – август годинава во однос на истиот период во 2022 година е зголемено за 0,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во август годинава во споредба со ланскиот август, индустриското производство бележи опаѓање во секторите рударство и вадење камен (8,5%) и преработувачка индустрија (5,5%), а пораст во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,7%).
Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат на намаленото производство во одделите: производство на пијалаци, производство на тутунски производи, производство на текстил, производство на облека, производство на хемикалии и хемиски производи, производство на производи од гума и производи од пластични маси, производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, производство на електрична опрема, производство на машини и уреди, неспоменати на друго место, производство на моторни возила, приколки и полуприколки и производство на мебел.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.