Македонија

Цената на свинското месо се зголеми за 40 денари

07 Sep 2023

Цената на свинското месо е зголемена за 40 денари, потврди за МИА Гоце Сарафимов, потпретседател на Асоцијацијата на земјоделци.

Тој посочи дека цената на свинското месо е зголемена од пред пет дена, а причина за тоа е зголемувањето на цената на месото на светските берзи и во Србија, но удел има и појавата на афринската свинска чума на фарма во Општина Карбинци, каде што во тек е угинување и закопување на околу 9.000 свињи.

Цената е покачена за 40 денари, поради тоа што се покачи на светските берзи. Меѓутоа, кај нас не требаше цената да се зголеми, бидејќи годинава многу евтино беа откупени јачменот и пченицата за исхрана на свињите. Струјата е намалена, немаме кој знае какви покачени трошоци, но се следат трендовите, вели Сарафимов.

Во моментов жива мера свинско е 150 денари, додека во месарниците и продавниците се продава од 350 до 450 денари за килограм, во зависност од категоријата на месото.

Сарафимов истакна дека со угинувањето на 9.000 свињи на приватна фарма во карбинскиот регион, нашата држава ќе го изгуби вишокот месо, кој завршуваше во преработувачката индустрија. Очекува свињарските фарми во текот на овој период да го зголемат бројот на свињи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...